fbpx

УЈП: Податоците на граѓаните внесени во апликацијата „Мој ДДВ“ се безбедни

-

Во врска со одредени реакции поврзани со наводно нарушување на безбедноста на личните податоци при инсталирање на апликацијата „Мој ДДВ“, Управата за јавни приходи известува дека апликацијата е безбедна за преземање и инсталирање со цел граѓаните да го остварат правото на поврат на 15 проценти од платениот ДДВ.

„Управата уверува дека сите податоци внесени во апликацијата, како што се е-маил адреса и број на трансакциска сметка се сигурни и заштитени од каква било злоупотреба. Имено, апликацијата „Мој ДДВ“ граѓаните ја преземаат од „Гугл плеј стор“ кој што е сервис на мултинационалната компанија „Гугл“ која што има строги критериуми од безбедносен аспект како за самата компанија, така и за корисниците на сервисот.При симнување на апликацијата не се бараат никакви податоци. Единствено се бара дозвола за користење на камерата“, се вели во соопштението.

Од таму потсетуваат дека при употреба на апликацијата граѓаните е потребно да се најават на системот на УЈП при што се користи постојното корисничко име и лозинка.

„Се користи безбеден криптиран пренос на податоците од корисничкото име и лозинката меѓу телефонот и системот на УЈП.Во системот за поврат на ДДВ не се чуваат лични податоци освен трансакциската сметка која е поврзана кон кориснички број и не може да се идентификува на кое лице припаѓа“, се додава во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...