fbpx

УЈП: ВМРО-ДПМНЕ должи 22 милиони денари на „Полиестердеј“ за претседателската кампања

-

ВМРО-ДПМНЕ ѝ останала должна 22 милиони денари на компанијата „Полиестердеј“ за рекламен материјал за кампањата за избор на претседател, покажала контролата на Управата за јавни приходи спроведена на фирмата во септември и октомври годинава.

Контролата е спроведена откако УЈП, во проверка на „Полиестердеј“ за 2017 и 2018 година, за данок на добивка констратирала одредени пропусти, со што се преминало кон проверка на 2019 година.

Од УЈП велат дека ВМРО-ДПМНЕ за претседателските избори во 2019 година склучила договор со „Полиестердеј“ за 1,3 милиони парчиња рекламен изборен материјал во вредност од 34.362.612 денари. Од седумте фактури што ги испратила фирмата, ВМРО-ДПМНЕ платила само 11.509.796 денари и останале должи 22.852.816 денари.

За реализација на договорот кон ВМРО-ДПМНЕ, „Полиестердеј“ вршела нарачка од шпанска компанија „Горфактори“ и од македонската „Монт“, која е ќерка фирма на „Орка“. „Полиестердеј“ во целост ја исплатила нарачката кон шпанската фирма, а останала должна кон „Монт“ во износ од 17 милиони денари, односно платиле само три милиони денари.

УЈП за случајот ги известиле МВР, Државниот завод за ревизија и Антикорупциска комисија каде е предаден и целиот материјал.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Македонија гласа: Седми претседателски избори со седуммина кандидати

Денеска се одржуваат седмите претседателски избори во Република Северна Македонија, а за функцијата Претседател на РСМ се натпреваруваат седум кандидати. Со право на глас на Претседателските избори 2024 во Избирачкиот...