fbpx

УЈП: Личните податоци од „МојДДВ“ се чуваат единствено во нашиот систем

-

Управата за јавни приходи испрати реакција на текстот на „Мета.мк“ со наслов „Апликацијата МојДДВ сè уште нема Политика на приватност, од УЈП без одговор”, во која се вели дека „одговор на прашањето за Политиката на приватност која што се однесува на податоците кои што се обработуваат преку користењето на „МојДДВ“ од страна на Управата за јавни приходи е доставен на 10.07.2019 година.

„Договорот помеѓу УЈП и изведувачот „Акцент дооел“ е договор за јавна набавка на услуги за надградба и одржување на ГПРС системот. Согласно овој договор изведувачот „Акцент дооел Скопје“ воопшто нема пристап до податоци ниту до обработување на податоци. Податоците на корисниците на апликацијата „МојДДВ“ се чуваат во единствената најава во е-Персонален данок системот на УЈП и единствен сопственик на податоците е Управата за јавни приходи”, се вели во одговорот на УЈП.

Од таму додаваат дека Управата за јавни приходи располага со личните податоци согласно полисата којашто е објавена и на страната на УЈП, а се однесува и на корисниците на апликацијата „МојДДВ“, со оглед дека личните податоци се зачувуваат единствено во системот на УЈП за кој што важи Политика на приватност на следниот линк.

„Мета“ потврдува дека овие одговори беа доставени на 10 јули од страна на УЈП, но нашата реакција за недобивање на одговори се однесува на прашањата испратени на 20 септември, во кои прашуваме дали УЈП ги применило препораките на Фондацијата „Метаморфозис“, а кои укажуваат на тоа дека на мобилната апликација „МојДДВ“ ѝ недостасува Политика на приватност која на лесно разбирлив начин ги објаснува мерките кои УЈП ги презема за безбедност и заштита на личните податоци на граѓаните кои се обработуваат со користењето на апликацијата.

Препораките на фондацијата „Метаморфозис“ се дека, согласно Генералната регулатива за заштита на личните податоци (General Data Protection Regulation – GDPR), УЈП треба да преземе соодветни мерки за да обезбеди во концизна, транспарентна и лесно достапна форма на информација до граѓаните за следниве прашања:

  • Кои се целите и законската основа за обработката на личните податоци и дали во иднина податоците може да бидат обработувани за други цели освен за користење на мобилната апликација „МојДДВ“;
  • Дали личните податоци ќе бидат откриени на други корисници надвор од Управата за јавни приходи;
  • Кои се роковите на чување на податоците од страна на Управата за јавни приходи;
  • Како граѓаните може да го остварат своето право на исправка и бришење на личните податоци кои ги дале за целите на користење на мобилната апликација „МојДДВ“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изброени половина од гласовите: Силјановска со двојна предност пред Пендаровски

Водство на претстедателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, покажуваат првичните резултати што ги објави Државната изборна комисија (ДИК). Според извештаите, од обработени 59,61 отсто од гласачките места, таа има...