fbpx

УЈП ги подготви кривичните пријави за трите фирми поврзани со Боки 13

-

Управата за јавни приходи (УЈП) веќе ги подготвила кривичните пријави за затајување на данок за Меѓународниот сојуз на првообвинетиот во „Рекет“, Бојан Јовановски (Боки 13) „БМЈ медиа груп“, која е сопственик на „1ТВ“ и против „Томато продукција“.

Овие три правни субјекти директно или индиректно се поврзани со Јовановски.

УЈП ги најави овие кривични пријави на 15 октомври, бидејќи овие три субјекти затаиле околу 20 милиони денари, односно околу 325.000 евра данок.

„Пронајдовме фактури за ноќевања во хотели, авионски билети за лица кои не се вработени во „1ТВ“. Од страна на УЈП тоа е класифицирано како лично примање без пресметан персонален данок. Имаме и многу фактури за набавка на подароци (часовници и сл.) за кои ние пресметавме персонален данок. Во 2018 година исплатена е дивиденда на Јасна Мандиќ која не е сопственик на „1ТВ“ и тоа е противзаконски. Ние пресметавме и на тоа персонален данок“, информираа тогаш од УЈП.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Појавата на болести сѐ поголема закана за жителите на Газа

Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци, UNRWA денеска соопшти дека заканата од појава на болести во Газа станува сѐ поголема, бидејќи температурите почнуваат да растат. „Нашиот страв е...