Twitter ќе брише објави со дезинформации за 5Г технологијата

Социјалната мрежа Твитер соопшти дека ќе ги отстранува непотврдените тврдења и дезинформациите кои предизвиквуваат паника и содржина која ги охрабрува луѓето да дејствуваат поради теориите на заговор околу 5Г технологијата.

„Ги проширивме нашите правила за непроверени тврдења кои ги поттикнуваат луѓето да се впуштат во активности кои може да доведат до оштетување или уништување на 5Г инфраструктурата или да доведат до ширење паника, општествени немири или пореметувања во општеството“, појаснуваат од Twitter.

Новите правила не се однесуваат на сите твитови кои се поврзани со 5Г мрежата. Од платформата ќе бидат отстранети само оние објави кои поттикнуваат акција на рушење и уништување, како повици преку ноќ за сечење или палење на бандери на кои се наоѓаат 5Г базни станици.