fbpx

Твојот глас треба да се чуе!

-

Во изминатиот период Димитар, Салаетин, Марко, Миа и Габи, Ламбе и Нина, Жан, Есма, Наташа и Дани, Мартин и Анита, како и Емилија и Симона, Баже и диџеј Шорти од нашата држава ги зближи една иста идеја: да помогнат да се крене гласот против климатските промени и да се направат напори за подобрување на нашата животна средина.

Пред објективот на камерите, познатите имаа можност да кажат по нешто свое. Некој зборуваше за тоа како загаденоста на воздухот влијае врз здравјето на луѓето, друг за штетите што ги предизвикуваат порастот на температурите и зачестените бури и поплави, но сите едногласно заклучија дека покрај напорите што се прават на глобално и на национално ниво, секоја личност може да даде свој придонес во борбата против климатските промени и да направи разлика со иновативни идеи и со промени во секојдневниот начин на живеење.

Најгласната порака, сепак, беше единствена и кратка: #OдTебеЗависи!

Цел на конкурсот е да се поттикнат граѓаните да предложат иновативни идеи за намалување на своето влијание врз климата, како и да се подобри урбаната отпорност во однос на климатските промени.

Граѓаните можат да дадат паметни и иновативни предлози за тоа како можат тие самите да придонесат за намалување на емисиите на стакленички гасови и за адаптација на климатските промени кои директно влијаат врз нивното живеење. Предизвикот е организиран од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Амбасадата на Шведска, Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД), Милиеуконтакт Македонија и Центарот за социјални иновации во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Повредена млада мечка на патот Тетово-Непроштено по удар од автомобил

Доцна вечерва на локалниот пат Тетово - с. Непроштено патничко моторно возило удрило во млада мечка која го минувала патот заедно со мајката и уште две помали мечиња, соопшти...