Твитер со нова полиса против „небезбедни линкови“

Фото: Принтскрин од Твитер

Твитер објави дека повторно ја проширува својата полиса во однос на линкови кои што се објавуваат на нивната платформа. Ова е надополнување на нивниот претходен обид за справување со т.н. „небезбедни линкови“ кое првично беше соопштено на 23 март, откако корисниците на оваа платформа имаа жалби за како работеше овој систем досега.

За „небезбедни линкови“ се сметаат оние линкови кои што ги носат корисниците до содржини како: фишинг (обиди за крадење на лозинки), линкови кои што се сметаат за спам (манипулативни кампањи и слично), линкови поврзани со тероризам, линкови кои носат кон нелегални производи и услуги, линкови кои поттикнуваат насилство и слично. Оваа мерка стапува на сила од денес (30 јули), а новата полиса можете да ја прочитате овде.