„Твитер“ првпат во својата историја објави предупредување до корисниците дека хакери, спонзорирани од држави, се обидуваат да украдат доверливи податоци од нивните компјутери.

Во соопштението се наведува дека нема индиции оти хакерите успеале да преземат чувствителни информации од „мала група компјутери“ кои биле мета, а компанијата исто така не понуди детали за нападот или потенцијалните осомничени во истрагата која ја спроведуваат.

„Твитер“ наведува дека мета на хакерите биле меил-адреси, ИП-адреси и телефонски броеви.

„Гугл“ и „Фејсбук“, исто така, почнаа да издаваат предупредување до корисниците кои се потенцијални мети на зачестени хакерски напади, спонзорирани од држави.