fbpx

Тутунарите од пелагонискиот регион два часа го блокираа патот Прилеп-Скопје, бараат поголема откупна цена

-

Минимална откупна цена од 180 – 200 денари за килограм откупен тутун, укинување на 4-та класа и реална проценка на горните берби. Ова се главно барањата на тутунарите од пелагонискиот регион кои што денеска од 10 до 12 часот го блокираа излезот на Прилеп кон Скопје, кај месноста Заполшки мост. Стотици тутунари од сите пелагониски општини на овој начин го изразија револтот кон откупувачите на годинешната реколта тутун, која тврдат дека се врши по ниски цени и со проценка за класа подолу.Ако е потребно до идната нова година ќе блокираме, ќе ја блокираме цела држава, сѐ додека не го постигнеме она што го бараме – услови за достоинствен живот на сите тутунари“, вели Васко Јосифоски, од Трновци, општина Могила. 

„Сите тутунари треба да ги добијат потребните пари, без оглед во кој регион предаваат тутун и со кој комбинат склучиле договор. Маката на сите тутунари е иста“, вели Флоре Груевски, тутунар од Могила. 

„Откупувачите не излажаа, го излажаа министерот. Бараме веднаш да ѝ дадат гаранции на државата дека ќе ги исполнат нашите барања. Оти револтот на тутунарите е голем. Ако продолжи вака, може да излезе од контрола, ќе стане анархија, ќе се развијат многу кластери на ковид-19. Луѓето нема да се повлечат. За да не дојде до тоа државата итно да си најде механизам да го спречи овој грабеж, да го реши проблемот на тутуно-производителите. Свесни сме дека нивната игра е одолговлекување на проблемот. Но, ние нема да отстапиме од нашите барања, ќе бараме реални цени до крај“, порачуваат тутунарите. 

Синоќа министерот за земјоделство Арјанит Хоџа оствари средба со пелагониските тутунари во салата од Општина Прилеп. 

„Има вишок на тутун за што мора да се изнајде решение, мора да се воспостави флексибилна линија. Бидејќи ланска година до овој момент ние имавме откупено 40 отсто од вкупно произведениот тутун. Додека годинава, до овој момент, откупени се само 3 отсто од реколтата. Поради тоа настанаа овие нервози и битно е да се врати линијата во полн погон, со што ќе знаеме дали се реални очекувањата, односно нервозите од страна на производителите. Според податоците, досега се откупени над 600 тони тутун, по просечна цена од 164 денари за килограм. Тоа е почеток, не може да биде репер, бидејќи и другите години на толку мала количина, цената на почетокот е помала“, изјави министерот Арјанит Хоџа, по средбата со тутунарите. 

Од Иницијативниот одбор на пелагониските тутунари се оградуваат од евентуални протести коишто би се одржале од утре натаму. Велат тутунарите самоиницијативно може да протестираат и да го изразуваат своето незадоволство. 

Инаку, годинешната реколта тежи околу 23.000 тони тутун. За над 1.500 тони тутунарите немаат потпишани договори со 10-те откупни фирми, кои добиле лиценци за преземање на реколтата. Денеска е втор ден од официјалниот почеток на откупната кампања. Предвремениот откуп се одвиваше со прекини поради незадоволството на тутунарите. Откупени се само 600 тони тутун. Исплатата на преземениот тутун во некои компании се реализира ден по откупот, а во други по неколку дена по преземање на родот.  

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...