Киев мора да биде вклучен во мировните преговори за Украина, вели Доналд Туск, премиерот на Полска, предупредувајќи дека не смее да ѝ се дозволи на Русија да ги оспорува границите „неказнето“, пренесува „Гардијан“.
Полскиот премиер Доналд Туск вели дека европските лидери „остануваат обединети во својот пристап“.
Според Туск, „за Полска и за европските партнери мора да биде јасно дека не може да се менуваат граници со сила“ и дека Русија не смее да има корист од својата инвазија врз Украина.
„Западот, вклучително и европските земји, нема да ги прифати руските барања кои едноставно се сведуваат на присвојување на украинска територија,“ вели Туск.
Тој предупредува дека не смее да ѝ се дозволи на Русија да помисли дека може да ги оспорува границите на други земји.
