Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск денеска е во посета на земјава, а ќе има средби со претседателот Стево Пендаровски и со премиерот Зоран Заев.

По средбата со Заев, напладне предвидена е заедничка прес-конференција.

Посетата на Туск на Скопје е во пресрет на очекуваната одлука за добивање датум за почеток на преговорите со ЕУ во октомври.

Мандатот на актуелниот претседател на Европскиот совет истекува на 1 декември, а на негово место ќе дојде премиерот на Белгија, Шарл Мишел.