Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, денеска по средбата со австрискиот канцелар, Вернер Фајман, рече дека Европа треба да се врати кон политиката на отворени граници.
– Денеска отвораме нова страница во борбата со миграциската криза и таа се нарекува враќање на шенген-системот. Должни сме заедно да понесеме хуманитарни последици од нашата одлука – истакна Туск и апелираше да се поддржи Грција поради блокираните мигранти, кои веќе не можат да патуваат по балканската маршрута.
Туск вечерва ќе ја посети Љубљана, утре Загреб и Скопје, а в четврток ќе ги посети Грција и Турција.