fbpx

Турција: Уапсен осомничен кој планирал напад на американскиот конзулат

-

Турските власти уапсиле припадник на Исламска држава поради сомневање дека планирал самоубиствен напад на американскиот конзулат во Истанбул.

Осомничениот милитант со сириско потекло е притворен во турската покраина Кахраманмарас, во близина на границата со Сирија.

Во Турција е на сила висок степен на готовност по октомвриските самоубиствени напади во Анкара, во кои загинаа повеќе од 100 лица.

Во сличен самоубиствен напад во град во близина на границата со Сирија, во јули беа убиени 33 лица.

Американската амбасада во Анкара минатата недела соопшти дека ќе ги „ограничи своите услуги“ поради можните безбедносни закани.

Турција, како членка на НАТО, учествува во воздушните напади врз припадниците на ИД во Сирија во рамки на коалицијата предводена од САД.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...