fbpx

Турција: Сменети тројца полициски функционери поради нападите во Анакара

-

Тројца високи функционери на полицијата во Турција се сменети по бомбашките напади во Анкара во текот на викендов, во кои загинаа 97 лица.

Турското министерство за внатрешни работи соопшти дека станува збор за шефот на полицијата за поширокото подрачје на Анкара, како и за шефовите на полициските служби за разузнавање и за јавна безбедност.

Мерките следат по изнесувањето на обвиненијата дека самоубиствените напади се извршени делумно поради безбедносните пропусти.

Властите соопштија дека зад нападите, во кои се повредени повеќе од 500 лица, стои Исламска држава.

Претседателот Реџеп Таип Ердоган соопшти дека Турција добила разузнавачки податоци што сугерираат дека нападот во Анкара е поврзан со ситуацијата во Сирија, но не откри повеќе детали.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...