fbpx

Турција поведува процедура за одземање на државјанството на Ѓулен

-

Турската влада денеска соопшти дека ќе почне постапка за одземање на државјанството на 130 лица кои се сметаат за бегалци, меѓу кои и проповедникот Фетулах Ѓулен, обвинет за неуспешниот воен удар од 15 јули 2016 година во Турција.

Вкупно 130 турски државјани кои се наоѓаат во странство наскоро нема да имаат турско државјанство доколку во рок од три месеци не се вратат во Турција, соопшти министерството за внатрешни работи.

Освен Ѓулен, на листата се наоѓаат и двајца пратеници на прокурдските партии, Тугба Хезер Зотук и Фајсал Саријилдиз.

„Ако лицата не се вратат во Турција во рок од три месеци, тие повеќе нема да бидат турски државјани, во согласност со уредбите и со законите донесени по обидот за пуч“, соопшти турското МВР.

Официјална Анкара по неуспешниот пуч побара од САД да го испорачаат Ѓулен, но досега ништо не е направено по тоа прашање.

Турските власти разрешија повеќе од 100.000 административни службеници и уапсија околу 50.000 лица за кои се сомневале дека се поврзани со организираниот воен удар.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...