Висок службеник на НАТО, Куртис Скапароти, денеска изјави дека околу 150 турски офицери биле пензионирани или отповикани од Алијансата по неуспешниот пуч во Турција.
Скапароти рече дека е загрижен за доборосостојбата на офицерите и на нивните семејства, наведувајќи дека добил уверување од турските власти дека кон нив ќе биде постапено на „соодветен начин“.
– Овде имав талентирани, способни луѓе. Отповикани се стручњаци и ќе биде потребно време за нив да се пронајде соодветна замена – додаде Скапароти.