fbpx

Турција нема да влезе во ЕУ се додека Ердоган е на власт, вели Габриел

-

Турција никогаш нема да стане членка на Европската Унија се додека со неа владее Реџеп Таип Ердоган, изјави германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел, обвинувајќи го турскиот претседател дека не ги сфаќа сериозно пристапните преговори со ЕУ.

– Јасно е дека во оваа состојба Турција никога нема да стане членка на ЕУ. Не затоа што не ги сакаме, туку затоа што турската влада и Ердоган брзо се оддалечуваат од сето тоа за кое се залага за Европа – вели Габриел во интервју за германскиот весник „Билд“.

На прашање дали би им препорачал на германските државјани да патуваат во Турција, Габриел рече дека тоа не може да го направи со мирна совест.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...