fbpx

Турција бара формирање безбедносна зона на северот на Сирија

-

Официјална Анкара бара создавање безбедносна зона, широка 10 километри, на северот на Сирија, кој се граничи со Турција, соопшти денеска турскиот вицепремиер Јалчин Акдоган во интервју за турската телевизија „А Хабер“.

– Она што го сакаме е создавање на безбедносна зона 10 километри во длабочина на територијата на Сирија – рече Акдоган.

Според турскиот вицепремиер, Акдоган, тоа би била зона во која би немало воени судири.

Сириските Курди во последните денови почнаа офанзива против припадниците на Исламска држава на северот на Сирија. Анкара остро реагираше на офанзивата и побара нејзино запирање, а притоа изврши и серија ракетни и артилериски напади врз курдските позиции.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...