fbpx

Турските власти обвинија 87 припадници на разузнавачката агенција

-

Турските власти обвинија 87 припадници на Националната разузнавачка агенција поради поврзаност со свештеникот Фетулах Ѓулен, јавуваат турските медиуми.

Кривични пријави се покренати против 52 од 87 лица, кои се протерани од јавните служби.

Вкупно 141 припадник на Националната разузнавачка агенција се суспендирани по неуспешниот воен удар, извршен на 15 јули, а истрагата против стотина од нив веќе е завршена.

Анкара го обвинува Ѓулен, кој е во доброволен егзил во САД, за организирање на воениот удар во Турција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...