Два турски борбени авиона „ф-16“ вчера дури трипати навлегле во грчкиот воздушен простор, на морската граница меѓу двете земји.
Тие, во придружба на авион „си-ен-235“, исто така навлегле во атинскиот регион за информирање за летови.
Сите авиони биле пресретнати и изгонети од грчки авиони, соопшти официјална Атина.
Во последните месеци имаше голем број вакви нарушувања од страна на турски авиони, а рекорд беше 1 февруари годинава, кога имало дури 138 нарушувања на грчкиот воздушен простор.