Турските вооружени сили денеска отвориле артилериски оган врз позициите на курдските борци на северот на Ирак и убиле четворица бунтовници, соопштија турски воени извори.
Агенцијата наведува дека турската војска редовно организира прекугранични воздушни операции против Курдската работничка партија (ПКК) во планинското подрачје на Северен Ирак, каде се наоѓаат базите на бунтовниците.
Ирачките курдски власти, како и претставниците на централната влада во Багдад, ја осудуваат Турција поради прекуграничните акции против ПКК.