fbpx

Турција го бира новиот претседател, набргу ќе се знае дали Ердоган ќе остане на тронот

-

Првите и неофицијални резултати од вториот круг од претседателските избори во Турција, според државната агенција Анадолија, покажуваат благо водство на актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган. Сепак, опозициската новинска агенција АНКА објавува различни бројки.

Според Анадолија, според досега преброените гласови, Ердоган води со 53,4 отсто, додека неговиот противкандидат Кемал Киличдароглу има 46,6 отсто од гласовите. Овие резултати, според агенцијата, се засноваат на 82,6 отсто од досега преброените гласови.

Сепак, одделни податоци објавени од опозициската новинска агенција АНКА покажуваат дека Киличдароглу води со 50,02 отсто пред Ердоган 49,98 отсто, со отворени 83,9 отсто од гласачките кутии.

Гласачките места во Турција беа затворени во 17 часот по локално време.

Турција нема излезни анкети, но се очекува прелиминарните резултати да бидат познати неколку часа по затворањето на гласачките места, објавува Асошиејтед Прес.

Граѓаните избраа меѓу актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган, кандидатот на Народната алијанса и кандидатот на опозициската Национална алијанса, Кемал Киличдароглу.

Ердоган, говорејќи пред новинарите по гласањето во училиште во Истанбул, истакна дека ова е првпат во Турција да се организира втор круг од претседателските избори.

Тој го пофали високиот одѕив на гласачите во првиот круг и рече дека очекува одзивот на гласачите денеска повторно да биде голем.

„Му се молам на Бога тие (изборите) да бидат корисни за нашата земја и нација“, рече Ердоган.

Киличдароглу (74) вториот круг го опиша како референдум за иднината на земјата.

„Овие избори се одржаа во многу тешки околности“, рече Киличдароглу по гласањето, додавајќи дека верува во здравиот разум на луѓето.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...