Во просториите на Катарскиот олимписки комитет во Доха, за време на СП во ракомет, претседателот на Македонскиот олимписки комитет, Васил Тупурковски, се сретна со првиот човек на Катарскиот олимписки комитет, шеикот Ал-Тани.

На точно пет години од потпишувањето на договорот за спортска соработка помеѓу Македонскиот и Катарскиот олимписки комитет, меѓу двајцата искрени и блиски пријатели беше договорена уште подиректна соработка во насока на унапредување на македонскиот и на катарскиот врвен спорт.