fbpx

Туберкулозата е убиец број еден на ХИВ-позитивните лица

-

Во Македонија, на 1 декември, по повод Светскиот ден за борба со сидата, здружението МЕРЦ организира настан за зголемување на свесностa за туберкулозата како водечка причина за смртност на ХИВ-позитивните лица во светот. Претстaвници на здружението ќе споделуваат информации и промотивни матерјали на повеќе локации на територијата на Скопје за населението да биде запознаено за  начините како да се заштити од туберкулоза и од ХИВ/СИДА.

Лицата кои живеат со ХИВ, 26 до 31 пати имаат поголема веројатност да се разболат од туберкулоза во споредба со лицата без ХИВ. ХИВ и туберкулозата формираат смртоносна комбинација, едната болест придонесува за напредокот на другата. Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО), во 2013 година 360.000 лица починале од ХИВ асоцирана со туберкулоза. Околу 25 проценти од смртноста на ХИВ-позитивните лица се должи на туберкулоза. Откриени се 1,1 милион нови случаи на туберкулоза помеѓу ХИВ-позитивните лица, 78 проценти од нив биле од Африка. 550.000 деца биле заразени од туберкулоза и 80.000 ХИВ-позитивни деца починале од туберкулоза. Од туберкулоза се разболиле околу 9 милиони луѓе и 1,5 милион починале од туберкулоза на светско ниво.

Туберкулозата е предизвикана од бактерија која најчесто ги напаѓа белите дробови, а се шири од едно лице на друго преку воздух. Околу една третина од светската популација имаат латентна форма на туберкулоза, што значи дека лицата кои биле заразени со туберкулоза не се болни сè уште и не може да ја пренесат болеста на други лица. Само 10 отсто од лицата инфицирани со туберкулоза имаат животен ризик да се разболат од туберкулоза. Најголем ризик имаат лицата со нарушен имунолошки систем, како лица кои живеат со ХИВ. Туберкулозата е болест која може да се спречи и да се лекува. Во Македонија вкупниот број на новооткриени лица со туберкулоза се движи околу 350 лица на годишно ниво.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Тенденциозно и без докази се обвинува дека Украина и Западот стојат зад терористичкиот напад во Москва

Одговорноста за нападот во Москва ја презеде милитантната група Исламска држава (ИСИС). Ден по нападот, на 23 март, ИСИС објави фотографија од четворицата напаѓачи. На 24 март, пак, ИСИС...