fbpx

ЦУК: Деновиве ќе се врши увид во станбените згради

-

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) апелираат на бројот 195 да се пријавуваат само потреби од проценка на безбедност на објектот, а не за проценка на штета за обештетување, соопштуваат од Центарот.

ЦУК исто така апелира до граѓаните кои не можат да добијат слободна линија на бесплатниот телефонски број за итни повици 195, да испратат податоци (име, презиме, телефонски број за контакт, точна адреса и краток опис на штетата предизвикана од земјотресот) на [email protected].

Екипи од Институтот за инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) заедно со претставници од скопските општини, денеска и во наредните денови ќе направат увид во станбените згради и во другите објекти за домување каде што се пријавени штети.

Управувачкиот комитет за справување со кризи попладнево одржа нов состанок во врска со серијата земјотреси што изминативе два дена ги тресат Скопје и околината.

Состанокот, како што дознаваме, е свикан на барање на претседателот на Управувачкиот комитет, вицепремиерот и министер за здравство, Никола Тодоров.

Од ЦУК велат дека денеска тимови на терен вршеле проценки и утврдување на евентуални штети на инфраструктурата, односно била вршена проверка од штети на водоводната, канализациската и на топловодната мрежа.

Армијата на Република Македонија (АРМ) и Министерството за внатрешни работи и понатаму се во состојба на готовност.

– Состојбата останува и ние во случај на потреба и по насоки од Управувачкиот комитет сме подготвени да дејствуваме – ни изјави потполковник Тони Јаневски, портпарол на Генералштабот на АРМ.

Од МВР велат дека се подготвени во секој момент да интервернираат и дека ги очекуваат понатамошните насоки од Управувачкиот комитет, како централно тело за справување со кризни ситуации.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинците не си ја продале православната вера, таа е доминантна во Украина

Високи 72 отсто од Украинците се декларираат како православни христијани од кои 54 отсто се приврзаници на автокефалната православна црква на Украина, 14 отсто се идентификувале како православни христијани...