fbpx

Црвенковски: На референдумот ќе гласам „за“, незадоволство од власта се искажува на избори

-

На 30 септември јас ќе излезам на референдумското изјаснување и ќе гласам „за“, вели поранешниот претседател и премиер на Македонија и поранешен лидер на СДСМ.

Црвенковски вели дека ќе гласа „за“, не затоа што мисли дека Преспанскиот договор е голема победа и успех, туку затоа што смета дека е нужност од која нема бегање.

„Ќе гласам „за“, не затоа што мислам дека неговото спроведување нема да предизвика негативни последици, туку затоа што негативните последици од неговото пропаѓање ќе бидат несразмерно поголеми. Деновиве многумина ме прашуваа дали јас би потпишал таков договор. Мојот одговор е дека во овој момент тоа е апсолутно небитно. Потписот е ставен и после тој чин враќање назад нема“, вели Црвенковски.

Тој наброја две причини поради кои е убеден дека евроатланските интеграции се единствената добра опција за иднината на државата.

„Во овие 27 години ние покажавме дека немаме сопствен капацитет да спроведеме квалитетни реформи во општеството без сериозен притисок и мониторинг однадвор. И за тоа чувствувам и голема лична одговорност. Добрите меѓуетнички односи се клуч за стабилноста и предуслов за се друго во Република Македонија. Евентуалната подолготрајна наша бесперспективност на планот на евроатланските интеграции, наспроти успесите на овој план кои ги прават и ќе ги прават нашите соседи, порано или подоцна ќе претставува потенцијален ризик за нашата внатрешна стабилност. Тој ризик мора благовремено да го елиминираме“, смета Црвенковски.

На крај тој додава незадоволството од функционирањето на власта и односот кон политичарите и политичките партии се искажува на избори.

„На овој референдум ќе се одлучува, не кој ќе владее, туку кој пат кон иднината како држава ќе го избереме. На 30 септември, и покрај сите мои тешки внатрешни дилеми ќе го послушам сопствениот разум и ќе гласам за“, потенцира Црвенковски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ковачевски се сретна со Макрон, доби уверување дека Франција ја сака земјава во ЕУ

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски денеска во Братислава се сретна со претседателот на Франција, Емануел Макрон. На средбата присуствувал и министерот за надворешни работи Бујар Османи, информираат од владината прес-служба. Премиерот...
Download WordPress Themes Free
Download Best WordPress Themes Free Download
Download WordPress Themes Free
Free Download WordPress Themes
free online course
download redmi firmware
Premium WordPress Themes Download
ZG93bmxvYWQgbHluZGEgY291cnNlIGZyZWU=