fbpx

Црната точка кај селото Белица однесе во смрт три млади животи

-

Портпаролот на СВР од Охрид, Стефан Димоски, денеска изнесе повеќе детали за вчерашната трагична сообраќајка кај селото Белица, која однесе во смрт три млади животи, а двајца се потешко и полесно повредени.

Во тешката сообраќајна незгода, која се случи на регионалниот пат Кичево – Демир Хисар, во близина на селото Белица, животите ги загубија Реџеп М. (58), неговата сопруга Санија М. (47) и нивниот син Рејхан М. (25), сите од кичевското село Лисичани. Тие се наоѓале во патничко моторно возило марка „фолксваген поло“ со кичевски регистарски таблици.

Во сообраќајната незгода, со тешки телесни повреди се здобил Ф.И. (31) од Прилеп, кој по укажаната медицинска помош во болницата во Кичево е префрлен во општата болница во Прилеп. Полесни повреди добила Ј.К. (30) од Прилеп, која по укажаната медицинска помош во болницата во Кичево е пуштена на домашно лекување.

Сообраќајната незгода се случила при разминување на патничко моторно возило марка „мерцедес“, управувано од Ф.И., кое се движело во правец Битола – Кичево, со возилото „фолксваген поло“, управувано од сега починатиот Реџеп М., кое се движело од Кичево кон Битола и на критичното место во близина на селото Белица.

Во моментот на разминувањето, возилото „мерцедес“ со предниот лев дел, удрило во предниот дел од возилото „фолксваген поло“. Ова возило, од силината на ударот, излетало на десната страна надвор од коловозот и се превртело на покрив во одводен канал.

На местото на тешката сообраќајна незгода, извршен е увид во присуство на јавен обвинител од основниот суд во Кичево, како и полициски екипи од полициска станица за безбедност во патниот сообраќај од Кичево.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...