fbpx

ЦРМ: Судиите не судат правично кога се во прашање спорови со политичари

-

Постои драстична разлика во постапувањето на судиите кога станува збор за процеси во кои како странки се јавуваат политичари или државни функционери, наспроти случаите во кои нема нивна инволвираност, ниту како тужители, ниту како тужени. Ова се резултатите од истражувањето на Центарот за развој на медиуми, по две години од декриминализацијата на навредата и клеветата. Набљудувани се судски постапки од февруари 2013 до декември 2014 година.

Според истражувањето, кога во случаите како една од странките се јавувал државен функционер или политичар, видливо било дека спорот се одвива побрзо, односно видлива е тенденцијата за поитно постапување на судот.

Во овој двегодишен период, ЦРМ во Основниот суд Скопје 2 Скопје, набљудувал 74 судски случаи (во кои се вклучени новинари, но и државни функционери и политичари), во околу 350 рочишта.

Дури 16 проценти од вкупниот број надгледувани процеси биле тужби на новинари против новинари, уредници и медиуми. Во седум случаи како тужител се јавува Драган Павловиќ-Латас, а во останатите пет, како тужител се јавува Ивона Талевска.

Пред првостепениот суд завршени се 43 случаи односно 58 отсто, а во само пет (11 проценти) постапки е утврдена одговорност за навреда и за клевета. За исто толкав број предмети – пет (11 проценти) – Апелацискиот суд се изјаснил по поднесените жалби.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Македонија гласа: Седми претседателски избори со седуммина кандидати

Денеска се одржуваат седмите претседателски избори во Република Северна Македонија, а за функцијата Претседател на РСМ се натпреваруваат седум кандидати. Со право на глас на Претседателските избори 2024 во Избирачкиот...