„Цивил“: Реисот Сулејман Реџепи да одговара за говорот на омраза

-

Неприфатливо е поглавар на верска заедница, чија цел е да обединува, а не да создава раздор меѓу народот, своите сограѓани да ги квалификува како „дивјаци и луѓе без идентитет“, реагираат од граѓанската организација „Цивил“.

Според нив, неприфатливо е човек кој е полн со толкава омраза да биде највисокиот претставник на една верска заедница во земјата.

„Исто така, неприфатливо е што оваа своја постара изјава, реисот повторно ја промовира на социјалните мрежи, и тоа во време на изборна кампања, со што дава еден поинаков контекст на целата содржина и отвора можности за манипулации и злоупотреба. „Цивил“ констатира дека со ваквата изјава, поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи грубо го крши членот 391 од Кривичниот законик, според кој не е дозволено предизвикување на омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа“, се вели во соопштението.

„Цивил“ потсетува дека однесувањето на Сулејман Реџепи, како и многу пати досега, се коси со начелата за кои се претставува дека се залага.

„Уцени, поддршка на режими кои брутално убиваат новинари, како што беше случајот со новинарот Кашоги, уцени со враќање на имоти за поддршка на изборите, попречување на донесувањето на закони, како оние за абортус и антидискриминација, објавување лични фотографии на кои се наоѓа тој и малолетни членови од неговото семејство на кое држат оружје во рацете…, се само дел од ваквото однесување на Реџепи, на кое сведочиме со години“, потсетуваат од организацијата.

„Цивил“ бара од Министерството за внатрешни работи и од Јавното обвинителство да реагираат веднаш и да го повикаат Реџепи на одговорност. Од таму бараат Реџепи да се извини и да ја повлече својата изјава.

Од Јавно обвинителство пак изјавија дека ги следат сите информации и „согласно своите надлежности, ќе постапува секаде каде што ќе биде утврдено дека постојат елементи на сторено кривично дело.“

Хелсиншкиот комитет за човекови права денеска поднесе пријава до Министерството за внатрешни работи за ширење говор на омраза од страна на поглаварот на Исламската верска заедница, Сулејман Реџепи.

Израел изјави дека ќе го почитува примирјето со Иран „сè додека другата страна го прави тоа“

Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел во 12-дневната војна со Иран ја отстранил „заканата од нуклеарно уништување“ и дека ќе го почитува примирјето со Иран сè додека другата страна го прави истото,...

Иран ќе започне да ги обновува oбјектите оштетени во израелските напади

Иранските власти соопштија дека ќе започнат со обнова на домовите и објектите оштетени во израелските напади, пренесува „Гардијан“.  Тие ќе ги обновуваат станбените области и јавната инфраструктура, кои беа оштетени во израелските...

Работилница во Подгорица: Дезинформациите привлекуваат кликови, но фактите градат доверба

Поминавме долг пат од економијата на пари, преку економијата на информации, потоа до економијата на внимание, па се до економијата на емоции. Денес имаме економија на доверба. Клучната промена е што...

Усвоен акциски план при топлотен бран: Да се реорганизираат работните процеси за вработените изложени на сонце

Владата денеска ја усвои Информацијата за спроведување на мерки согласно фаза 3 од акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението 2025 – 2030. „Се задолжуваат сите...

Израел изјави дека ќе го почитува примирјето со Иран „сè додека другата страна го прави тоа“

Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел во 12-дневната војна со Иран ја отстранил „заканата од нуклеарно уништување“ и дека ќе го почитува примирјето со Иран сè додека другата страна го...