fbpx

„Цивил“: Неколку нерегуларности и мирен почеток на гласањето

-

Набљудувачите на невладината организација „Цивил“ утринава бележат мирен и навремен почеток на изборниот ден во 35-те општини каде што се спроведува вториот круг од локалните избори.

Исклучок прави избирачкото место 2433, во ОУ „Витуриа“, во општина Сарај, кое било заклучено до 8.30 часот. Времето на гласање на ова гласачко место, според законот, мора да се продолжи за толку време колку што траело доцнењето.

„Од набљудувачите во општина Шуто Оризари доаѓаат три извештаи. Првиот се однесува на организиран превоз, кој го врши поранешен заменик-министер од претходната власт. Превозот се врши со автомобили и со едно комби, чии регистарски таблички се забележани. Во Штип, полицаец побарал од акредитиран набљудувач на „Цивил“ да се оддалечи од местото кое се наоѓало надвор од избирачкото место. Иако уредно се претставил и ги покажал сите потребни документи, нему му било кажано да замине од таа локација“, се вели во соопштението на „Цивил“.

Во него се додава дека нивните набљудувачи исто така забележале и агитирање од изборен штаб на политичка партија, семејно гласање, фотографирање на гласачко ливче.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...