fbpx

„Цивил“ напладне пред Собранието ќе побара одложување на изборите

-

Невладината организација „Цивил“ денеска во 12 часот пред Собранието ќе бара оставка на Владата поради, како што велат, неуспехот да го спроведе Договорот од Пржино за надминување на политичката криза.

Од „Цивил“ сметаат дека терминот за предвремените парламентарни избори мора да се помести најмалку до крајот на септември затоа што, според нив, ни оддалеку не се создадени услови за одржување слободни избори на 5 јуни.

„Одложувањето на терминот за избори мора да се искористи за низа итни чекори и мерки за создавање услови за слободни избори. На Република Македонија ѝ се потребни итни и суштински зафати во судството, пред сè, во поглед на воспоставување и непречено функционирање на специјално одделение во Кривичниот суд, кое ќе се занимава со предметите што произлегуваат од работата на Специјалното јавно обвинителство. Воедно, мора да се создадат услови за ослободување на медиумите од партискиот диктат, но и администрацијата, стопанството и општеството во целост“, велат од „Цивил“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Оживува пропагандата за непостоечка продажба на органи од украински војници

Проверувачи на факти од Украина веќе пишуваат дека ова видео претставува дел од руската пропаганда. Центарот за борба против дезинформации објавува на Фејсбук дека станува збор за невистина. Во...