fbpx

„Цивил“: МТВ не информира и го игнорира референдумот

-

Невладината организација „Цивил“ е револтирана од начинот на кој јавниот сервис МТВ и одредени приватни медиуми го покриваат референдумот во Општина Цантар за изгледот на Градскиот трговски центар.

„Со разочарување можеме да констатираме дека огромен дел од приватните медиуми кои се под контрола на власта, целосно го игнорираат референдумот. Ако тоа и може да се објасни со ставот на власта, кој е негативен во однос на овој референдум и неговото спроведување, начинот на кој МРТ го бојкотира референдумот е целосно неприфатлив. Забележавме дека јавниот сервис МРТ не ја остварува ни денеска, на денот на гласање за референдумот, својата улога, доделена со законите и со статутот на МРТ“, стои во соопштението на „Цивил“.

Невладината организација вели дека спроведувањето на референдумот се одвива во релативно мирна атмосфера, но оти се забележуваат огромни проблеми со избирачкиот список, со што на гласачите им се ускратува правото на глас.

„Голем број гласачи се откажаа од гласање поради лавиринтот во кој се наоѓаат, затоа што не можат да се најдат на списокот. Воедно, набљудувачите на „Цивил“ забележаа и низа други нерегуларности во текот на гласањето. Голем број граѓанки и граѓани пријавија дефект на лифтовите на повеќе адреси во станбените згради во Капиштец, на булеварите Илинден и Кочо Рацин. На една адреса на булеварот Илинден, пристап до лифтот имал само претседателот на куќниот совет. Забележани се неколку случаи на граѓани кои се избришани од избирачкиот список, односно не се внесени во него, иако уредно е пријавена промена на адреса на живеење во општина Центар. Таков е случајот со една граѓанка на гласачкото место во месната заедница Боте Ботевски, број 2.838. Се обратила во Општинската изборна комисија со приговор, од каде одговорот бил дека тие не можат ништо да сторат“, велат од „Цивил“, додавајќи дека според поплаките од граѓанки и од граѓани, се шират дезинформации и се вршат притисоци по телефон за да се спречи излезноста.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...