fbpx

„ЦИВИЛ“: Да престане политичкиот прогон на активистите за човекови права

-

ЦИВИЛ Центар за слобода „ЦИВИЛ“ денеска ги осуди сите постапки со кои се газат слободата на изразување и правото на протест и изрази солидарност со сите активисти за човекови права кои се под репресија на власта. Од организацијата побараа политички монтираните процеси, притисоците и заканите во кои се инволвирани институциите мора да престанат еднаш за секогаш!

„Со години наназад, „ЦИВИЛ“ гласно бара од власта да престане со политичкиот прогон на неистомислениците и ги повикува институциите да се ослободат од партискиот диктат и да престанат да бидат алатка на моќниците за остварување на теснопартиски и лични интереси. Во таа смисла, ЦИВИЛ го осудува притисокот кој се врши врз активистите, интелектуалците и новинарите кои со своите ангажмани придонесуваат кон надминувањето на политичката криза и враќањето на демократијата и владеењето на правото во Република Македонија. ’Информативните’ разговори на кои се повикани Извршната директорка на Хелсиншки комитет за човекови права, Уранија Пировска и проф. Мирјана Најчевска, раководителка на Центар за човекови права и разрешување конфликти претставуваат уште еден во долгата низа притисоци и закани врз активистите за човекови права“, стои во реакцијата.

„ЦИВИЛ“ исто така уште еднаш ги повтори барањата за ослободување на сите лица против кои се водел или се води политички монтиран процес.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...