fbpx

„Цивил“ бара да се повлечат законските измени за употреба на гумени куршуми

-

„Цивил“ најостро ја осудува постапката на донесување законски измени со кои се овозможува употреба на гумени куршуми и друго лесно оружје против демонстрантите. Имајќи предвид дека овие законски мерки се носат во време кога на улиците демонстрираат илјадници граѓанки и граѓани против кршењето на човековите права и против суспензијата на владеењето на правото и на демократијата, од невладината организација ова го сфаќаат како закана од власта против граѓаните што сакаат да го искористат своето уставно право на протест.

– Пораката е јасна – ние сега ќе пукаме по вас ако вие ги окупирате факултетите, ако ги блокирате улиците, ако демонстрирате против нас. Но, процесите кои се почнати во Македонија не можат да ги спречат ниту гумените куршуми ниту, пак, каква било насилна мерка. Нека пукаат! – изјави претседателот на „Цивил“, Џабир Дерала.

„Гумените куршуми се оружје кое демократските влади во светот одамна ги напуштиле, а Обединетите нации повеќепати ја суспендираа нивната употреба. Почнат е и процес за меѓународна забрана на гумените куршуми. Иако се сметаат за несмртоносни, гумените куршуми убиваат, рануваат или оставаат трајни последици. Не помалку опасни се и шок-бомбите и електричните парализатори кои се дел од законот донесен во собранието со 59 гласа и во отсуство на опозиција. Затоа, бараме законот со кој се дозволува пукање по демонстрантите со ова лесно оружје веднаш да се повлече!“, стои во соопштението од „Цивил“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...