fbpx

Ципрас приклештен од народно незадоволство за мерките за штедење

-

Гневни народни протести, блокирани автопатишта, сериозна бегалска криза и закана дека Грција ќе остане заглавена со илјадници бегалци, опаднат рејтинг и гранично мнозинство во грчкиот парламент, делумно распаѓање на СИРИЗА, предвремени парламентарни избори и строг пакет мерки за штедење, ова е реалноста на владата на СИРИЗА и на Независни Грци токму една година по нејзиното формирање.

Дали Алексис Ципрас го очекуваше ова вечерта кога издвои убедлива победа пред Нова демократија и само за неколку часа договори влада со Панос Каменос? Славеничката атмосфера, насмевките и увереноста дека првата левичкарска влада на СИРИЗА ќе успее да ѝ го врати достоинството и сувереноста на Грција, останаа само бледи сеќавања од еден 24 јануари 2015 година и првата година за оваа влада беше полна со тешки предизвици и лекции.

Премиерот Алексис Ципрас денес е во клинч меѓу народните протести против мерката што ќе ги намали пензиите и здравствените бенефиции, незадоволството дека ниту едно ветување од владата на левицата не може да се исполни и европските закани дека доколку не се спроведат реформите договорени во јунскиот пакет мерки, исплаќањето на парите за грчкиот кредит во секој момент ќе сопре и Грција повторно ќе се најде под заканата за излез од еврозоната.

Рејтинзите на владејачката СИРИЗА, според анкети на медиумите што не ја поддржуваат владата, се во опаѓање. Нова анкета на солунскиот Универзитет „Македониа“ за телевизијата „Скај“ покажува дека 85 проценти од грчките граѓани се незадоволни од политиката на коалициската влада. Од испитаниците кои се симпатизери на СИРИЗА, 71,5 отсто изјавиле дека не се задоволни од владата и не се согласуваат со нејзината политика.

Прашани да ги споредат Ципрас и новиот лидер на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис, 30 проценти од испитаниците истакнале дека го поддржуваат Мицотакис, а 23 проценти – Ципрас. Дури 73 проценти од испитаниците истакнале дека се против плановите на владата за реформата со која ќе се намалат пензиите и здравствените бенефиции.

Иако во Грција кружат различни информации и шпекулации за потенцијална владина реконстуркција, па дури и за предвремени избори, оцените на политичките аналитичари се дека и ЕУ би сакала да ја види владата на СИРИЗА да ги спроведе договорените реформи пред ново бранување во форма на избори.

Кријакос Мицотакис смета дека сè уште не е подготвен да ја преземе палката од Ципрас и дека може успешно да се справи со ситуацијата во која се наоѓа Грција во моментов.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...