fbpx

Ципрас – премиер, Каменос – министер за одбрана?

-

Грчкиот премиер Алексис Ципрас го крои составот на новата влада. Од рано утринава веќе телефонира по политичарите кои се очекува да бидат дел од првата левичарска влада на Грција. Засега само се шпекулира со имиња, а конечниот состав се очекува да се слушне во текот на денот.

Коалицискиот партнер на СИРИЗА, Независни Грци, ќе има свое присуство во владата. Се слуша дека лидерот на партијата, Панос Каменос, успеал да се договори со Ципрас и ќе биде, најверојатно, новиот министер за одбрана, а според информациите, партијата ќе има четири заменици-министри во владата.

Како нов министер за надворешни работи се споменува Никос Коциас, професор за политичка теорија на меѓународни и европски студии на Универзитетот во Пиреа. Коциас беше дел од првиот Национален совет за надворешна политика, а до 2008 беше амбасадор во МНР, одговорен за истражувања, формирање програми и стратегии. Коциас е и основач на политичко движење „Дејствувам“ кое обединува радикални левичарски, демократски и социјални движења.

Ципрас се одлучи за реформирање на составот на министерствата, односно за интегрирање на дел од министерствата во други и, со ова, за намалување на бројот на институциите. Најавени се четири широки министерства, во кои се интегрирани две до три посебни министерства. Така, во проширениот состав на Министерството за внатрешни работи, сега влегуваат и Министерството за реформи и е-влада, Министерството за цивилна заштита и солунското Министерство за Македонија и Тракија. Министерството за Македонија и Тракија беше воскреснато во 2012 година од експремиерот Андонис Самарас, откако неговиот претходник Јоргос Папандреу го имаше укинато во 2009 година како непотребно. Второто широко министерство ќе биде Министерството за економија, транспорт, поморство и туризам. Во суштина, во Министерството за економија на овој начин се интегрираат Министерството за развој, Министерството за поморство и Егејско Море, Министерството за туризам и Министерството за транспорт и врски. Министерството за производствени реформи, животна средина и енергија ќе биде новиот дом на Министерството за животна средина, енергија и климатски промени, Министерството за земјоделство и дел од Генералниот секретаријат за индустрија од Министерството за развој. Четврото големо министерство ќе биде Министерството за култура, образование и религиозни прашања, во кое се споени Министерството за култура и спорт и Министерството за образование и религиозни прашања.

Министерството за здравство ќе биде пременувано во Министерство за здравство и социјално осигурување, а Министерството за труд ќе биде Министерство за труд и социјална солидарност. Непроменети остануваат Министерството за надворешни работи, одбрана, финансии, правда и за човекови права. Со овој чекор Грција ќе има само 10 министерства.

М.П.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Марш за видливост на трансродовите лица утре пред Влада

Граѓанската иницијатива за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица „ТрансФормА“ соопшти дека во пресрет на 31 март, Меѓународниот ден за видливост на трансродовите лица, утре со почеток...