Ципрас пред судбински 48 часа

-

Грчкиот премиер Алексис Ципрас го очекуваат најинтензивните 48 часа во нeговата премиерска кариера. Растргнат меѓу грчкото „не“ за строги мерки, притисоците од екстремното крило на СИРИЗА да не се прифатат европски притисоци, договорот и ветувањето до мнозинството од грчките политички сили дека ќе се постигне договор кој ќе ја задржи државата во еврозоната и строгите европски барања, Ципрас до петок изутрина мора да претстави детален предлог за двегодишна програма на мерки и на реформи.

Според неофицијалните информации, на вчерашниот Самит на ЕУ, Ципрас разговарал со европските лидери дека ќе треба да има еден преоден договор од 40 дена за да може подобро да се подготви двогодишната програма, која денеска грчката влада ќе ја побара преку барање до Европскиот механизам за спас. Паралелно со барањето, до петок ќе биде поднесена цела листа со детални предлози, реформи и обврски кои Атина планира да ги спроведе за долгорочната програма за да може европските институции да ги разгледаат и да се подготват за Самитот на ЕУ в недела.

Сите коментари од владина страна се дека ќе се работи во насока на постигнување решение. Постои мала надеж дека и ЕУ ќе покаже разбирање, која се заснова на изјавата на првиот човек на Советот на ЕУ, Доналд Туск, кој истакна дека грчкиот излез од еврозоната ќе има силни геополитички последици за Унијата. Информациите се дека грчката влада ја гледа двогодишната програма како поодржлива и поповолна од претходните европски предлози од аспект на тоа што претходниот предлог на кредиторите предвидувал финансирање за само 5 месеци, во кои морале да се спроведат многу строги мерки, додека, пак, со новата програма ќе има и поголема финансиска помош и подолг рок за спроведување мерки и реформи, а во неа, ако бидат прифатени грчките предлози, ќе има решенија за справување со невработеноста, подолгорочна финансиска стабилност и разговор за реструктуирање на долгот.

Доколку Ципрас добие зелено светло в недела за грчките предлози и се најде заеднички јазик, грчкото собрание ќе мора веднаш да ги изгласа мерките. Овој чекор изгледа како нов предизвик за грчката влада. Постои можност дека на потенцијално строги мерки остро ќе се противи радикалното крило на СИРИЗА, но во случај самите сопартијци на Ципрас да гласаат против, се претпоставува дека мерките ќе ги поддржат партиите што потпишаа заедничка декларација со владата, односно Река, Нова демократија и ПАСОК.

Весникот „Катимерини“ пренесува дека Ципрас вчера разговарал со претседателот Прокопис Павлопулос, кој му посочил на денешниот говор во Европарламентот да настапи поумерено за да не се предизвика нов проблем во преговорите. Во разговорот било истакнато дека според договорот на лидерската средба, договорот со ЕУ сигурно ќе биде поддржан во Собранието, но доколку пропадне гласањето, целата одговорност ќе падне на Ципрас.

Лидерот на партијата Река, Ставрос Теодоракис, подвлече дека премиерот мора да направи сè да се дојде до решение како што им ветил и на народот и на политичките лидери во Грција.

– Драмата мора тука да заврши. Владата мора да поднесе предлог кој ќе нè задржи во ЕУ. Сè друго би било предавство и од грчкиот народ ќе биде протолкувано како предавство – истакна Теодоракис.

Поранешниот шеф на ПАСОК, Евангелос Венизелос, побара Ципрас веднаш да свика нова лидерска средба.

Оцените во Грција се дека владата во овој момент може да си направи сопка со црвната линија за реструктуирање на долгот, болна тема која ЕУ-лидерите, се чини, не сакаат да ја отворат во моментот.

Пропадна обидот за импичмент на јужнокорејскиот претседател, владејачката партија го бојкотираше гласањето

Обидот за отповикување на јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол поради прогласувањето на воена состојба во земјата, пропадна денеска откако членовите на неговата партија го бојкотираа гласањето, јавува Гардијан. Нивното напуштање на седницата...

ТикТок ја изгуби жалбата во САД, апликацијата сè поблиску до забрана

Обидите на ТикТок за поништување на законот според кој апликацијата ќе биде забранета или продадена во САД од почетокот на 2025 година се отфрлени, пренесе Би-би-си. Компанијата се надеваше дека федералниот апелационен...

ДУИ со писмо до САД, ЕУ и НАТО, бара акција за да се зачува мирот и да нема дестабилизација

Демократската унија за интеграција (ДУИ) испратила писмо до САД, Европската Унија и НАТО, во кое ги повикува на решителна акција за, како што пишува, да се спречи поткопување на мирот и...

Од ветени и 5 отсто данок на добивка, сега следи „усогласување“ од 15 отсто

Премиерот најави законско усогласување со кое дел од големите компании во земјата ќе плаќаат данок на добивка од 15 отсто. Иако тоа усогласување е спроведување на меѓународна обврска на земјата, таквата...

Пропадна обидот за импичмент на јужнокорејскиот претседател, владејачката партија го бојкотираше гласањето

Обидот за отповикување на јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол поради прогласувањето на воена состојба во земјата, пропадна денеска откако членовите на неговата партија го бојкотираа гласањето, јавува Гардијан. Нивното напуштање...