fbpx

Ципрас и Коѕиас ја изигнорираа Нуланд, во Гевгелија ја пречека Горанче Савовски

-

Поддршка и солидарност со Грција за бегалската криза по затворањето на балканската рута, од Атина изрази Викторија Нуланд, заменик на државниот секретар за европски прашања на САД.

Нуланд во Атина пристигна по вчерашната посета на бегалските кампови на Идомени и во Диавата, во близина на Солун, како и на прифатниот центар во Гевгелија. Во грчката престолнина не ја пречекаа ниту премиерот Алексис Ципрас, ниту министерот за надворешни работи, Никос Коѕиас, туку нивни заменици, наводно поради презафатеност.

Нуланд изјавата за медиумите ја даде во Амбасадата на САД, по нејзината средба во премиерскиот кабинет со министерот без ресор, Никос Папас, и по средбата во грчкото министерство за надворешни работи со генералниот секретар на министерството, амбасадорот Димитрис Параскевопулос. Средбите на Нуланд со грчките политичари се чуваа во тајност, но до последен момент немаше потврда дали ќе се види со Ципрас или Коѕиас.

Нуланд во разговор со новинарите објасни дека не успеала да се види со Коѕиас поради негова презафатеност во текот на денот. Сепак, во Грција останува под знак прашалник зошто двајцата политичари кои досега секогаш се среќавале со Нуланд сега не најдоа време да се сретнат со неа.

Таа на новинарите им рече дека спорот за името не бил тема на разговори на оваа нејзина посета, како и дека периодов во Македонија трае предизборна кампања, одговор кој грчките медиуми го толкуваат како оцена дека нема да има некое видливо придвижување околу името наскоро.

Од нашата страна на границата, во прифатниот центар „Винојуг“, Нуланд ја прими директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Горанче Савовски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...