fbpx

Циклонот „Вера“ удри во Југоисточна Македонија

-

Од Центарот за управување со кризи соопштија дека од интензивните врнежи со дожд, најпогодени се гевгелиско-валандовскиот крај, кај Удово, радовишко Конче и тиквешкиот регион, односно Неготино и Демир Капија. Поради обилните врнежи, зголемен е водостојот на реките и на каналите во општина Чешиново-Облешево. Во општина Кочани пријавени се поплавени дворови во село Подлог. Екипа на територијалната противпожарна единица од Кочани интервенира на испумпување на водата од поплавените дворови.

Патниот правец Смоквица – Миравци е во прекин поради излевање на Петрушка Река во близина на Милетково, до самиот мост. Екипи од „Македонија пат“ го оспособија патот за село Миравци откај село Удово. Од увидот на екипите од Регионалниот центар за управување со кризи – Гевгелија, утврдено е дека патниот правец кон Моин е во прекин поради излевање на Сува Река пред и по мостот. Во моментот, во општина Гевгелија има засилен пороен дожд кој може да предизвика подолготраен прекин на овие патни правци. И општина Валандово беше зафатена со пороен дожд, проследен со ситен град, а регистрирано е излевање на Вардар кај село Марвинци, при што се поплавени 90 хектари со овошни насади и житни култури.

Општините Радовиш и Конче беа зафатени со обилни дождови, а најмногу дожд има во источниот дел од градот и во селата Воиславци и Ињево. Речните корита на Сушица и на Стара Река се речиси полни со вода, а поплавена е и конфекцијата „Штиптекс“ во Радовиш. Влезот во градот е затворен поради надојдената вода, а сообраќајот е регулиран од сообраќајна полиција. Откако ќе престанат врнежите, екипа од единиците на локалната самоуправа ќе изврши обиколка на теренот и согледување на состојбата.

И покрај упатениот апел за итна евакуација, жителите на лакавичкиот регион во близина на Штип одлучиле засега да останат дома. Поради прелевање на браната Мантово, поплавени се повеќе ниви, а водата целосно го преплавила бунарот за водоснабдување. Според жителите, тие засега остануваат во своите домови и ќе ја следат состојбата на теренот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...