fbpx

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ќе го подготвува конгресот за оставката на Груевски

-

На состанокот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, кој ќе се одржи утре, околу 130 негови членови ќе ги подготват сите документи и дневниот ред за оставката на Никола Груевски и изборот на нов партиски лидер, на вонредниот конгрес на 23 декември во Валандово.

Според партискиот статут, Одлуката за вонредниот конгрес треба да ја потврдат 2/3 од членовите на централниот комитет односно околу стотина членови.

Постапката за кандидирање не е официјално отворена, но во јавноста како најсериозни кандидати се искристализираа имињата на Христијан Мицковски и Илија Димовски. Единствено Филип Петровски досега ја објави својата намера да се кандидира за лидер на партијата. Се шпекулира и за можни кандидатури на Никола Попоски, Антонио Милошоски, Никола Тодоров и на Влатко Ѓорчев.

Кандидатот за претседател треба да биде предложен од 30 делегати на конгресот. Ќе биде избран ако за него гласаат половината од 560 делегати, кои остануваат исти како на редовниот конгрес што се одржа во 2015 година во Куманово.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Измама: Лажен доктор нуди лажен лек за болки во зглобови

Ова е типична онлајн измама која неетички ја користи маката што ја имаат некои луѓе со болести на зглобовите, со цел да ги намами да потрошат еден куп пари...