fbpx

Цените пониски од лани

-

Цените на мало се намалиле за 0,3 отсто во споредба со лани во номеври, а трошоците на животот останале на исто ниво. На годишно ниво, пак, трошоците се намалиле за 0,3 отсто, а цените за 0,9 проценти, објави Државниот завод за статистика.

Намалување на трошоците на живот во декември во однос на ноември 2014 е забележано во групите: рекреација и култура за 3,9 отсто, мебел, покуќнина и одржување на покуќнината за 1,6 процент, транспорт за 1,4 отсто, ресторани и хотели за 1,2 отсто, храна и безалкохолни пијалоци и комуникации за 1 процент и домување, вода, електрика, гас и други горива за 0,2 отсто. Пораст има во групите: здравје за 7,9 проценти, алкохолни пијалоци, тутун за 4 проценти, останати стоки и услуги за 1,6 отсто, облека и обувки за 0,7 отсто и образование за 0,1 отсто.

Намалување на цените се бележи во групите: услуги за 1,6 отсто, индустриско-прехранбени производи за 0,8 отсто, индустриско-непрехранбени производи за 0,6 отсто и земјоделски производи за 0,2 отсто. Пораст на цените има во групата пијалаци за 1,1 процент.

Трошоците на животот во декември 2014 година, во споредба со истиот месец од 2013 година се намалени за 0,5 отсто, а цените на мало за 2,3 отсто.

Иако трошоците на живот во декември 2014 година останале на исто ниво како во ноември, пораст е забележан кај свежиот зеленчук за 10,5 отсто и кај трајните колбасичарски производи за 0,3 проценти. Пораст има и кај информатичката опрема за 2,9 отсто, туристичките аранжмани за 2,8 проценти, велосипедите за 1,3 процент, сметот од домаќинствата за 1,1 процент, гасот за домаќинствата за 0,9 отсто, апаратите за домаќинствата за 0,3 отсто и алатите и опремата за куќа и за градина за 0.2 отсто.

Намалување на трошоците на животот се бележи кај овошјето за 7,8 проценти, маслото и маснотиите и шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 1,2 процент, јајцата за 0,7 отсто, рибата за 0,4 отсто и конзервираната риба за 0,3 отсто. Намалување има и кај авионскиот превоз на патници за 12,3 отсто, течните горива за домаќинството за 6,8 проценти, течните горива и мазива за 5,4 проценти, опремата за спорт и за кампирање за 1 процент, домашните миленици, храната и услугите за нив за 0,5 отсто и средствата за чистење и за одржување на станот за 0,4 отсто.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...