fbpx

Струјата од утре поевтинува за 0,33 проценти

-

Цената на струјата се намалува за 0,33 проценти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Пресметката на новата цена ќе почне од утре, така што граѓаните во август ќе добијат за 0,33 отсто пониски сметки за струја за јули.

Како причина за намалување на цената, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Димитар Петров, ги истакна намалените трошоци за работење на компаниите, приходите на компаниите, како и помалите количества струја предвидени за продажба.

Тој информираше дека компаниите не се согласиле со одлуката за намалување на цената бидејќи, според методологијата на пресметка од Регулаторната комисија, не се земаат предвид сите видови трошоци на работење од страна на компаниите.

-Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика за утврдување нова пониска цена на струјата не соодветствува со нашите очекувања и со реалните трошоци на компанијата.Намалувањето на цената ќе значи и прилагодување на инвестиционата програма согласно новите параметри кои оваа одлука ќе ги наметне.Тоа ќе претставува сериозен предизвик за компанијата во наредната година, но и покрај тоа, ќе вложиме максимални напори да ја одржиме финансиската стабилност на компанијата,- велат од ЕВН за одлуката на Регулаторна за намалување на цената на струјата.

Оваа компанија лани реализирала повеќе од 90 проценти од планираните инвестиции за 2014 година.

Петров не ја исклучи можноста од следната година да има и промена на методологијата за пресметка на цената на струјата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сојузот на синдикати најави три протести, првиот ќе се одржи во вторник

Работниците и граѓаните повеќе немаат изговор да не учествуваат на протестите што ги организира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), рече првиот човек на Сојузот, Слободан Трендафилов, на прес-конференција...