fbpx

Целиот нов „мерцедес“ е соларен панел

-

Германскиот производител на автомобили „Мерцедес Бенц“ во Пекинг промовираше нов концепт СУВ, на кој најголемата новина не е изгледот туку – бојата. Имено, кога автомобилот стои, неговата „мултиволтаична“ боја генерира струја и тоа на неколку начини. Таа се однесува како соларна единица која сончевата енергија ја претвора во струја, но, исто така, електростатички се полни користејќи ја моќта на ветерот.
Така создадената енергија, автомобилот не ја користи за полнење на батериите, туку за да овозможи производство на водород кој се користи како погонско гориво.
Предните тркала се на водороден погон, а задните ги движи електричен мотор.
Сепак, станува збор само за иновативен концепт кој не треба да се очекува дека веднаш ќе се појави во салоните.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

МВР: Фотографирани гласачки ливчиња во Скопје, Охрид, Берово и Радовиш

Пет лица си ги фотографирале гласачките ливчиња во текот на денешното гласање, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Станува збор за два случаи во Скопје и по еден во радовишко,...