fbpx

Царовска: На овој првомајски протест конечно граѓаните стануваат за своите права

-

„Работниците во Македонија ќе имаат повисоки плати и ќе бидат заштитени. Не дозволивме насилното сценарио во парламентот да ги спречи демократските процеси и затоа одиме во реализација на промена која ќе донесе квалитетен живот во Македонија“, порача денеска Мила Царовска, претседателка на комисијата за труд и социјална политика на СДСМ, пред големиот првомајски протест пред зградата „Ибни Пајко“.

Царовска вети фер плаќање на прекувремената работа и посилна заштита на работничките права.

– Овој првомајски протест ми ја враќа надежта дека конечно граѓаните и работниците ќе застанат зад своите права. На 11 декември тие гласаа за промени, сега заедно одиме кон реализација на програмата на новата реформска влада. Наш приоритет се работниците и работничките права и затоа ни се потребни силни и автономни работнички синдикати, а не привезоци на власта како досега. Нема да има повеќе експлоатација на работниците. Ќе донесеме нов закон за работнички права кој ќе биде во нивна заштита. Ќе има исплата на прекувремените часови, ќе има договарање на работничките права и во приватните компании. Ќе има достојни и хумани услови за работа. Наш приоритет се задоволни работници, кои имаат стабилна егзистенција, кои ќе работат на развој на претпријатието во кое се вработени, затоа што само такви работници и претпријатија може да донесат и развој на општеството. Сето ова е можно преку зголемување на државната помош за 100 пати на малите и средни претпријатија. Со тоа работодавците ќе исплаќаат повиски плати и ќе отвораат нови работни места – рече Царовска, честитајќи го празникот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...