fbpx

Трпејчани утревечер повторно на собир, ќе ги бранат имотите

-

Жителите од охридското крајбрежно село Трпејца, утревечер повторно ќе одржат собир од кој ќе ги бранат имотите од државата, откако со одлука на Владата, од крајот на минатата година, беше извршена пренамена за изработка на урбанистички план за изградба на уште една, втора туристичка развојна зона во ова охридско село. Со одлуката се опфаќаат имоти на локалното население, дел од викенд-населбата изградена покрај Охридско Езеро, како и земјиште на Дебарско-кичевската епархија.

Локалните жители велат дека за ништо не биле прашани. Последен пат се состанаа на 17 јануари, кога најавија засилување на отпорот, граѓанска непослушност, радикални мерки – сè до блокада на меѓународниот пат од Охрид до граничниот премин Свети Наум и натаму за Албанија. На охридскиот градоначалник Никола Бакрачески, ресорниот министер Миле Јанаклиески и на потпретседателот на Владата и министер за финансии, Зоран Ставрески, им дадоа рок – до утрешниот собир, да дојдат во нивното село и да ги објаснат владините намери.

Според најавите, на брегот на Охридско Езеро во Љубаништа, ќе се градат три туристички развојни зони. Во функција на овој амбициозен проект е најавена и изградба на придружна инфраструктура, како што е експресниот пат Охрид – Св. Наум, кој, според најавите, треба да минува низ Националниот парк „Галичица“. За таа цел, минатата година почна постапка за промена на опфатот на националниот парк, за што беше изработена и студија за влијанието на најавените инфраструктури зафати врз природата, која изобилува со ендемски видови флора и фауна. Еколозите и експертската јавност сè поотворено укажуваат на штетноста на зафатите.

Претходно, државата изврши експропријација на земјиште во атарот на Љубаништа, во најголем дел имот на црквата, за изградба на Туристичката развојна зона 1. Според Владата, овој проект ќе придонесе за развој на туризмот и ќе отвори нови вработувања, од кои ќе имаат корист и локалната заедница и државата. Таа не гледа пречка за негова реализација и покрај отвореното противење на Дебарско-кичевската епархија и на месното население, кое на собирот на жители, одржан во уште во јули минатата година, донесе одлука со која се бара стопирање на почнатата експропријација.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...