fbpx

Tрошоците за живот намалени за 0,5 отсто во однос на лани

-

Индексот на трошоците за живот во октомври 2015 година, во споредба со истиот период лани, бележи намалување за 0,5 отсто, а индексот на цените на мало бележи намалување од 1,2 отсто.

Индексот на трошоците за живот во октомври 2015 година е на исто ниво како и претходниот месец, но е забележано движење во подгрупите.

Пораст е забележан кај шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кај кондиторските производи за 1,3 отсто, конзервираната риба за 1,1 отсто, тестенините и другите неспоменати прехранбени производи за 1 процент, мастите и маснотиите за 0,9 отсто, свежото млеко за 0,4 отсто, преработките од млеко за 0,3 отсто, месото и полутрајните колбасичарски производи за 0,2 отсто.

Исто така, пораст на индексот на трошоците за живот во октомври 2015 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај обувките за 4 проценти, цврстите горива и кај мебелот за 3 проценти, гасот за домаќинствата и течните горива за домаќинствата за 2,6 проценти, лековите за 2,1 отсто, туристичките пакет-аранжмани за 1,9 отсто, накитот и часовниците за 0,7 отсто, друго образование за 0,6 отсто, течните горива и мазива за 0,4 отсто, услугите за одржување и за поправки на станот за 0,3 отсто.

Намалување на индексите е забележано кај свежото овошје за 8,7 проценти, свежиот зеленчук за 0,8 отсто и кај сувото овошје за 0,5 отсто. Исто така, намалување на индексите на трошоците за живот е забележано кај авионскиот превоз на патници за 11,4 проценти, велосипедите за 1,6 отсто, облеката за 0,9 отсто, средствата за чистење и за одржување на станот за 0,7 отсто, информатичката опрема за 0,6 отсто, материјали за одржување и за поправки на станот за 0,5 отсто.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Средношколски самит за кариерен развој в понеделник во Скопје Сити Мол

Во понеделник, на 22 април, во „Синеплекс“ во трговскиот центар Скопје Сити Мол ќе се одржи Средношколски самит за кариерен развој. Настанот ќе започне во 17 часот, а е...