Државниот завод за статистика соопшти дека во април 2026 година, во споредба со истиот месец лани, трошоците на живот пораснале за 5,7 отсто, додека цените на мало бележат зголемување од 5,0 отсто.
Во споредба со предходниот месец, трошоците за живот пораснале за 1,3 отсто, покажуваат најновите податоци на ДЗС, што е значитлно зголемување за само еден месец.
Речиси во сите сектори има раст на цените. Значително зголемување има кај секојдневните производи. Цените на храната и безалкохолните пијалоци пораснале за 0.7 отсто во април, кај алкохолните пијалоци и тутунот за 1,2 отсто, додека пак, најголемо зголемување има кај транспортот, за 10,1 отсто повеќе.
Зголемување има и во групата рекреација, спорт и култура, каде инфлацијата изнесува 1,4 отсто, а облеката, личната нега, социјалната заштита во месец април чинеле 0,6 отсто повеќе, наведува ДЗС. Благ пораст, од 0,4 отсто има и кај рестораните и угостителските услуги. Трошоците за домување заедно со вода, електрична енергија, гас, горива, здраствена заштита и услуги за образование, исто така, бележат зголемување од 0,3 отсто повеќе во месец април.
Намалувањето на инфлацијата во април 2026 година, во однос на март 2026 година, е резултат на намалувањето на трошоците на животот во групата Покуќнина, опрема за домаќинствата и редовно одржување на домаќинствата за 0.2 %.
Трошоците на животот во групата Осигурување и финансиски услуги остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.
