Тројца поранешни извршни директори на јапонскиот енергетски гигант „Тепко“ и официјално се обвинети за небрежност во врска со катастрофата во нуклеарната централа „Фукушима“ во 2011 година, пренесува „Би-би-си“.

Тие ќе бидат првите на кои ќе им биде судено за несреќата во „Фукушима“, која претрпе големи оштетувања и топење на реакторите по силниот земјотрес во 2011 година, кој предзвика цунами и ја погоди нуклеарната централа.

Меѓу обвинетите, како што пренесува британскиот национален сервис, е и Цунехиса Кацумата, кој беше претседател на „Тепко“ во времето кога се случи катастрофата.

Тој и уште двајца поранешни директори се обвинети за службена небрежност, но не се задржани во притвор.

Земјотресот и цунамито што следуваше по него се случја во март 2011 година. Речиси 16.000 луѓе ги загубија животите во катастрофата, а околу 2.500 сè уште се водат како исчезнати.