На денешата јавната дебата „Предизвиците и очекувањата од сегашната политичка ситуација и европските перспективи“, организирана од „Фридрих Еберт“ и од „Прогрес институт“, свој говор ќе имаат и тројца пратениците од Европскиот парламент, Џани Питела, претседавач на Групата на прогресивни социјалисти и демократи во ЕП, Кнут Флекенштајн, заменик-претседавач на Групата на прогресивни социјалисти и демократи во ЕП, и Ричард Ховит, поранешен известувач за Македонија во Европскиот парламент.

Дебатата ќе се одржи во „Холидеј ин“, со почеток во 18 часот.

Европратениците ќе остварат средби и со премиерот, како и со претставници на другите политички партии.

Европратениците доаѓаат во земјава непосредно пред објавувањето на годишнот извештај за напредокот на Македонија.