fbpx

Тројца Американци киднапирани во Багдад

-

Неколкумина Американци се киднапирани во главниот град на Ирак, потврди американската амбасада во Багдад, без притоа да открие за колку лица станува збор.

Арапската телевизија „Ал Арабија“, повикувајќи се на сопствени извори, соопшти дека милитантите киднапирале тројца американски војници.

– Соработуваме со ирачките власти за да ги лоцираме и за да ги вратиме назад – соопштил неименуван претставник на американскиот Стејт департмент.

Претставник на властите во Багдад за „Си-Ен-Ен“ соопштил дека тројцата Американци се киднапирани во петокот.

– Компанијата во недела испрати извештај дека тројца работници исчезнале пред два дена. Го анализираме извештајот – рече претставникот.

Портпаролот на американскиот Стејт департмент, Џон Кирби, истакна дека „сигурноста на американските државјани во светот е највисок приоритет“.

Минатонеделниот напад на трговски центар во Багдад, за кој одговорноста ја презеде Исламска држава, го прекина мирниот период во ирачката престолнина, во која со месеци не се забележани поголеми напади.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Доналд Туск: Во ризик сме од војна, Европа не е подготвена

Полскиот премиер Доналд Туск изјави оти смета дека постои огромен ризик од војна и оти никој во Европа нема да се чувствува безбедно доколку Русија победи во Украина, пренесува...